Дома Топ вести Реал нуди солидна сума за да го добие Мбапе уште во јануари

Реал нуди солидна сума за да го добие Мбапе уште во јануари

Реал Мадрид не сака да чека до лето и е спремен да понуди 50 милиони евра на ПСЖ за потписот на Килијан Мбапе, пренесува „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал во летниот преоден рок понуди 200 милиони евра за Мбапе, но ПСЖ ги одби бидејќи веруваше дека ќе го убеди Французинот да стави потпис на нов договор.

Мбапе е категоричен во намерата да се пресели во Мадрид и ги одби сите понуди на „светците“ за продолжување на соработката.

Французинот веќе има договор со „кралевите“ и на лето ќе биде слободен агент, но Реал ќе се обиде да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“ во јануари.

Перез е спремен да понуди 50 милиони евра за да го добие Мбапе веднаш, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на ПСЖ, иако тешко е веројатно дека ќе го пуштат на средина од сезоната.

Во спротивен случај, Реал ќе го доведе Мбапе на лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…