Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија Суперкупот со победа над градскиот ривал.
Неславно деби на клупата имаше Хуан Лопатеги бидејќи „јорганџиите“ после 120 минути игра славеа со 4:2 во УЕФА Суперкупот.
Атлетико Мадрид прв стигна до водство и тоа после само 49 секунди игра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во продолжение Реал Мадрид се закани преку Асенсио, но Облак беше внимателен. Потоа 10 минути подоцна Бејл од денсата страна нафрли, топката стигна до Бензема кој изедначи на 1:1.
Мирно беше во продолжение од натпреварот, а долго се чекаше и за шанса во прдолжението.
Потоа во 61 минута невнимателниот Хуанфран играше со рака во својот шеснаесетник, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Серхио Рамос.
Атлетико не се предаде, а до изедначување стигна на десетина минути пред крајот, а стрелец беше повторно Диего Коста.
Во двете продолженија по 15 минути Атлетико беше тој кој имаше повеќе сила, па прво Саул во 98, а потоа и Коке во 104 минута обезбедија победа од 4:2