Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Серж Гнабри.
Гнабри има договор со Баерн до јуни 2023 година, а преговорите за продолжување на соработката пропаднаа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баерн нема да се согласи на зголемување на платата на Гнабри, па доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен.
Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Анчелоти верува дека Германецот одлично ќе се вклопи во неговиот тим, па „кралевите“ сакаат да ја искористат можноста и да го донесат на „Сантиаго Беранбеу“.
🚨 Real Madrid have been boosted by reports that Bayern Munich are open to selling Serge Gnabry in the summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 21, 2022
Contract talks between the German club and the winger have broken down again.
(Source: @SPORT) pic.twitter.com/akkHh2ZZuS