Дома Трансфер зона Реал Мадрид ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти сака да ја засили десната бековска позиција и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.

Тој во Леверкузен игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а покрај Реал силен интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед. Имено, Фримпонг е голема желба на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…