Шпанскиот гигант Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина и надвор од терените.
Имено, шпанскиот клуб одлучи да донира 1 милион евра за бегалците од Украина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што е познато, голем број на граѓани ја напуштија Украина после воената инвазија од Русија.
Спас од војната пронајдоа во соседните држави, но и ширум светот, па помош е неопходна.
Реал Мадрид покрена кампања „Сите за Украина“, која што се уште трае. Шпанските медиуми пренесуваат дека клубот донирал 1 милион евра и ги повика поддржувачите на клубот да донираат за Украинците.