Дома Трансфер зона Реал Мадрид тргнува по Стерлинг

Реал Мадрид тргнува по Стерлинг

Реал Мадрид разгледува разни алтернативи за летниот трансфер пазар, откако стана јасно дека Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ и нема да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Најновата желба на „кралевите“ е ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат шпанските медиуми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и доколку не стави потпис на нов договор тогаш ќе биде продаден ова лето.

Реал сака да ја искористи таа можност и да го донесе 27-годишниот Англичанец на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа…