Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, пренесуваат шпанските медиуми.
Прва мета е дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец Жил Кунде. 23-годишниот стопер игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатото лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сега Реал сериозно се вклучи во трката за Французинот.
Францускиот репрезентативец има договор со шпанскиот клуб до 2024 година во кој има откупна клаузула од 80 милиони евра.
Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот, иако Севиља преферира да го продаде во Премиер лигата.