Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, пренесува „АС“.
Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.
Реал Мадрид и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и сакаат да го донесат Кеси во своите редови, особено поради фактот што на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.
Анчелоти верува дека Кеси ќе биде идеална алтернатива за Каземиро во средниот ред, па се очекува „кралевите“ наскоро да испратат понуда до неговиот агент.
❗️| Franck Kessie is another free agent that’s being monitored by Real Madrid. @diarioas
— Madrid Xtra. (@MadridXtra) January 5, 2022