Дома Трансфер зона Реал Мадрид со 80 милиони евра тргнува по ѕвездата на Сити?

Реал Мадрид со 80 милиони евра тргнува по ѕвездата на Сити?

Летово Реал Мадрид остана без Карим Бензема кој како и повеќе европски фудбалери се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

На негово место не пристигна адекватна замена, па затоа сега во Реал најдобар стрелец е Џуд Белингам кој не е класичен напаѓач. Како констатно во последните неколку години со Реал се поврзува Килијан Мбапе, но „кралевите“ имаат и друга идеја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Флорентино Перез покажал интерес за 23 годишниот напаѓач на Манчестер Сити, Хулијан Алварез.

Алварез пристигна за 80 милиони евра во Манчестер Сити и „кралевите“, а засега не е познато колку Реал е спремен да плати за неговите услуги.

Сезонава на 13 настапи во дресот на Манчестер Сити, Алварез има шест гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…