Реал Мадрид имаше одлична сезона, а сега раководството работи на засилување на тимот.




Во Реал веќе пристигна Антонио Рудигер како слободен агент, а наскоро „кралскиот“ дрес ќе го облече и Орелиен Чуамени, кој доаѓа од Монако за 80 милиони евра.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Медиумите пишуваат дека Реал сака да донесе уште две засилувања ова лето, како и да се ослободи од неколку фудбалери.




Реал сака да ги продаде фудбалерите кои немаат иднина во тимот, а тоа се Асенсио, Јовиќ и Себаљос, кои не добиваат премногу шанса кај тренерот Карло Анчелоти.




Приоритет е нов напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Бензема, а прво име на списокот е Габриел Жесус од Манчестер Сити.




Најтешка мисија ќе биде доведувањето на Рис Џејс од Челзи. Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат ова лето.