Реал Мадрид преостанатите натпревари би можел да ги игра надвор од „Сантијаго Бернабеу“, пренесува „Марка“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во Реал сериозно размислуваат преостанатите натпревари да ги играат на теренот „Алфредо Ди Стефано“ кој се наоѓа во тренинг кампот на „кралевите“.
Раководството на Реал до ваква идеја дошло после најавата дека сезоната во Ла Лига ќе се заврши без присуство на публика. Овој период ќе се искористи за забрзување на модернизација на „Бернабеу“.
Работата на кутлниот стадион оди прилично добро. Минатата недела отстранет е кровот на една од трибините. Доколку Ла Лига дозволи Реал да игра на „Алфредо Ди Стефано“ тогаш реновирањето на Бернабеу ќе продолжи без застој до септември.
Инаку, на теренот „Алфредо Ди Стефано“ натпреварите ги игра младинскиот тим на Реал Мадрид.