Дома Трансфер зона Реал Мадрид повторно се „ослободи“ од Одегард!

Реал Мадрид повторно се „ослободи“ од Одегард!

Фудбалерот кој пред три години пристигна во Реал Мадрид како најголем талент во Европа, Мартин Одегард повторно се сели на позајмица.

19-годишниот Норвежанец до сега има запишано само еден настап за Реал Мадрид, а минатата сезона ја помина на позајмица во Херенверн. „Кралскиот“ клуб потврди дека Одегард оваа сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Витесе.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Одегард важеше за еден од најголемите таленти во светот и за него силен инетерс покажуваа најголемите европски клубови, а тој во 2015 година го избра Реал Мадрид.

Меѓутоа, Норвежанецот до сега запиша само еден настап за „кралскиот“ клуб и очигледно во Мадрид не сметаат на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…