Дома Топ вести Реал Мадрид објави официјално соопштение за Куртоа

Реал Мадрид објави официјално соопштение за Куртоа

Тибо Куртоа не е во добра форма и се најде на удар на критики и навивачите сметаат дека шанса треба да добие Алфонсо Ареола.

Беше јасно дека нема да брани против Гранада, а сега е откриено и зошто бил заменет на полувремето против Бриж.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од клубот се огласија со официјално соопштение, прво демантираа дека станува збор за анексиозност, но потврдија дека неговата здравствена состојба не е во најдобар ред.

Имено, Куртоа пати од гастроентеритис и поради тоа не бил во состојба да го брани голот на Реал до крајот на натпреварот против Бриж.

Се наведува и дека добро реагира на терапијата во Мадрид, но не е познато кога ќе се врати на голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гатузо скапо ќе го плати поразот во Зеница, во игра се двајца познати тренери за негова замена

Поразот на Италија во Зеница против нашата репрезентација може да има големи последици за …