Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се почесто размилсува за засилување на голманската позиција.
Реал Мадрид на голот го има фантастичниот Кејлор Навас, а негово разерва е некогашниот голман на Еспањол, Кико Касиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на фактот што двата голмани имаат преку 30 години, Перез сака да ја засили конкуренцијата со доведување на млад чувар на мрежата, а тоа би можел да биде голманот на Атлетик Билбао, Кеп Аризабелаг.
Станува збор за млад 23-годишен голман чии договор со Атлетик Билбао истекува следното лето, а моментално се водат преговори за продолжување на соработката. Реал внимателно ја следи ситуацијата и доколку не дојде до договор е спремен да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“ без обештетување.
Тоа најверојатно ќе значи крај за Касиља, а Аризабелаг ќе биде резервен голман на Кејлор Навас.