Дома Фудбал Реал Мадрид започна преговори со Варан

Реал Мадрид започна преговори со Варан

Шпанскиот гигант Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од најважните фудбалери во тимот, Рафаел Варан, пренесува „Марка“.

Актуелниот договор на дефанзивецот истекува во јуни 2022 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На „Сантиаго Бернабеу“ сакаат да го избегнат сценариото со Серхио Рамос и што е можно поскоро да биде решена иднината на Варан.

Според „Марка“ преговорите за долгорочен договор одат во вистинска насока и се очекува наскоро Французинот да стави потпис на нов договор.

Во последно време се шпекулираше дека 27-годишниот Французин на лето ќе ја промени средината, бидејќи интерес за него покажуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Поради тоа Реал реагираше брзо и сака долгорочно да го задржи дефанзивецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Манчестер јунајтед, откако ја извојува победата во напнатот дуел против Лион во четвртфина…