Дома Трансфер зона Реал Мадрид го преферирал Милитао пред Де Лихт

Реал Мадрид го преферирал Милитао пред Де Лихт

Во март месец минатата година Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Едер Милитао од Порто за 50 милиони евра.

Според „АС“ пред една година раководните луѓе на Реал Мадрид разгледувале две варијанти за нов централен дефанзивец – Милитао и Матијас де Лихт од Ајакс. „Кралевите“ на крајот го избрале Бразилецот поради неколку аргументи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според мадридскиот весник Де Лихт сигуно ќе бил поскап, иако во март Ајакс се уште немаше направено подвид во ЛШ и цената на Холанѓанецот не беше толку висока.  Минатото лето Де Лихт се пресели во Јувентус за 75 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.

Во спортско – технички аспект Милитао исто така повеќе им се допаѓал на раководните луѓе. Тој е брз, има одлична техника и игра одлично со топка. Сепак, Бразилецот ретко добива шанса оваа сезона бидејќи Серхио Рамос и Варан се незаменливи на тие позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…