Jaпонска Кашима славеше во натпреварот од четвртфиналето на Светското клупско првенство со 3:2 против Гвадалахара.
Кашима во Ал Аин после пресврт во фантастичен натпревар стигна до победа и обезбеди полуфинале во кое ќе игра против европскиот шампион Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Натпреварот не започна добро за јапонскиот клуб, Залидвар погоди за водство од 1:0 на Мексиканците. Во 49-тата Нагаки погодува за 1:1, а во 69-тата беше досуден пенал за Кашима, па Сержињо постигна гол за целосен пресврт.
Прекрасен гол во 84-тата минута постигна Абе За 3:1. Длабоко во судиското продолжение беше досуден пенал за Гвадалахара, а Пулидо од вториот обид погоди за 3:2.
Реал Мадрид и Кашима ќе биде првото полуфинале, додека во второто ќе игра Ривер Плата против подобриот од натпреварот Есперанса и Ал-Алин.
https://youtu.be/drBrMw17Z2k