Реал Мадрид нема намера да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд за продолжување на позајмицата на дефанзивецот Ашраф Хакими, пренесуваат шпанските медиуми.
Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 26 меча на кои постигна 6 гола и запиша 6 асистенции.
Хакими е дете на школата на Реал Мадрид и ќе го помине истиот пат како и Карвахал, кој после позајмицата во Германија се врати на „Сантиаго Бернабеу“.
Тренерскиот штаб на „кралевите“ верува дека Хакими има иднина во Реал Мадрид и не сака да слушне за негова продажба.