Листатан а клубови кои се заинтересирани за играчот за врска на Лион, Набил Фекир е се подолга.
Според последните информации, после Арсенал, Челзи, Ливерпул, Барселона и Баерн во трката за 25 годишниот Французин ќе се вклучи и европскиот шампион Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, „кралевите“ го означиле Фекир како една од главните мети и ќе се обидат да го доведат веќе во јануари.
Сегашниот договор на Фекир со Лион има важност до 2020 година и сосема е јасно дека „Лавовите“ наскоро ќе го продадат.
Минатото лето Фекир беше на излезни врати од клубот. Арсенал и Ливерпул наводно нудеа околу 60 милиони евра, но претседателот на Лион Жан-Мишел Аулас го стопираше трансферот.
Фекир за Лион дебитираше во 2013 година и од тогаш одигра 170 натпревари и постигна 64 погодоци. Оваа сезона на 16 настапи за Лион запиша четири асистенции и шест пати ја тресеше противничката мрежа.
Nabil Fekir | Marca say he's been offered to Real Madrid, and that Man City and PSG are keen. https://t.co/afZCqCWDep #mcfc pic.twitter.com/v3yfsh2FIW
— Sport Witness (@Sport_Witness) December 24, 2018