Дома Топ вести Реал има неверојатен план како да го купи Нејмар – во Париз праќа две ѕвезди

Реал има неверојатен план како да го купи Нејмар – во Париз праќа две ѕвезди

Реал Мадрид спрема спектакуларен трансфер на лето и ќе направи се во своите редови да ја донесе бразилската ѕвезда, Нејмар.

Нејмар ова лето за рекорден трансфер од 222 милиони евра се пресели во Пари Сент Жермен, но веќе подолго време се шпекулира дека не е среќен во Париз и дека сака да се врати во Шпанија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилецот дури и заплака на последната пресконференција бидејќи не очекувал тоа што му го кажал во доверба на своите пријатели да излезе во медиумите.

Нејмар сака да се врати во Шпанија и наводно неговиот татко веќе имал состанок со претседателот Флорентино Перез кој ќе направи се за да го донесе Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“.

„Гардиан“ денес открива дека Реал веќе прави план како да го убеди ПСЖ да го пушти Нејмар. „Кралевите“ се спремни покрај огромна сума на пари во Париз да ги испратат и двете свои ѕвезди, Герет Бејл и Тони Крос.

Во случај да пристигне ваква „луда“ понуда, раководните луѓе од ПСЖ секако ќе треба добро да размислат!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Објавени и видеа: Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување

Лукас Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување. Претходно беше об…