Дома Трансфер зона Реал има „богатство“во раце: Хакими сега вреди 60 милиони

Реал има „богатство“во раце: Хакими сега вреди 60 милиони

Десиот бек на Реал Мадрид, Ашраф Хакими оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд, но „кралевите“ гледаат иднина во него и му понудија нов договор.

21-годишниот Мароканец неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, но неговата иднина на „Сантиаги Бернабеу“ е неизвесна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции, па европските гиганти се „тепаат“ за негов потпис.

Зидан сака да го врати Хакими, но десната бековска позиција е веќе „покриена“ во Реал, па клубот би можел да се одлучи за продажба со која многу ќе заработи.

Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Јувентус и ПСЖ се силно заинтересирани за Хакими, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…