Дома Фудбал Реал драстично ќе ги намали платите следната сезона!

Реал драстично ќе ги намали платите следната сезона!

Раководството на Реал Мадрид планира драстично да ги намали платите на фудбалерите и директорите следната сезона, пишува весникот „АС“.

За оваа сезона „кралскиот“ клуб веќе објави официјално дека ќе ги намали платите на фудалерите за 10%. Меѓутоа, прогнозите дека во Шпанија уште долго ќе се игра фудбал без публика ги натера раководните луѓе да донесат нови мерки и за следната сезона.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Весникот „АС“ тврди дека Реал Мадрид сака да ги намали платите за следната сезона за точно 30%. Ќе бидат намалени платите на фудбалерите и директорите, а платите на останатите вработени во клубот ќе останат исти.

Некои од фудбалерите кои земаат големи плати како Герет Бејл, Хамес Родригез, Лука Модриќ ќе бидат продадени, а на пример Серхио Рамос кој има годишна плата од 14,5 милиони евра ќе треба да се откаже од цели 4,3 милиони евра.

Очекувањата се дека Реал од продажба на билети треба да инкасира 161 милион евра, но тие нема во целост да бидат исполнети бидејќи поголем дел од сезоната ќе се игра без публика.

Околу 109 милиони евра се очекуваше да бидат инасирани од пријателски и меѓународни натпревари по турнеи, но и таа сума е сериозно под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Мартинез повторно ја спаси Аргентина. Погледнете како брани пенали на Копа

ЕМИЛИАНО МАРТИНЕЗ повторно е херојот на Аргентина. Голманот на шампионот на Јужна Америка …