Дома Топ вести Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.

Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Од Реал знаат дека евентуалниот трансфер би бил скап и тежок за реализација, но во предвид го земаат големиот потенцијал за развој на играчот.

Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“ каде оваа сезона постигна 6 гола и 10 асистенции.

Во исто време, десниот бек останува еден од најслабо платените играчи на „Стемфорд Бриџ“. Многу е веројатно дека новите сопственици наскоро ќе почнат разговори за продолжување на неговиот договор, кој е до летото 2025 година.

Реал внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да испрати понуда до агентот на Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…