Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за аргентинскиот репрезентативец Џовани ло Селсо и ќе водат голема битка за неговиот потпис во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Играчот за врска е во сопственост на Пари Сент Жермен, но во моментов игра на позајмица во Примера во дресот на Бетис. Ло Селсо прикажува фантастични партии во клубот од Севиља кој има опција да го откупи договорот на крајот на сезоната за 22 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот Аргентинец оваа сезона има постигна 12 гола и 4 асистенции на 33 натпревари за Бетис во сите натпреварувања. Тој во ПСЖ дојде во 2016 година од Росарио Централ.
Барселона и Реал Мадрид покажуваат сериозен интерес за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент. „Кралевите“ во него гледаат идеален наследник за Модриќ и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу.
Голема е веројатноста Бетис да го откупи неговиот договор на лето, иако ПСЖ во моментов прави напори да го врати Аргентинецот во Париз.
Во моментов цената на Ло Селсо изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која Реал и Барса се спремни да ја платат.
Останува да видиме кој ќе победи во битката за потписот на арегнтинскиот репрезентативец.
https://youtu.be/uu_FjJSfTpk