Дома Топ вести Реал ги одреди недопирливите, како и тие кои можат да си одат

Реал ги одреди недопирливите, како и тие кои можат да си одат

Раководството на Реал Мадрид определи четворица млади фудбалери кои се „недопирливи“ и сигуно нема да бидат продадени.

На „Сантиаго Бернабеу“ ја изработиле стратегијата и го одредиле, Валверде, Одегард, Винисиус и Родриго како иднина на тимот, тврди „Марка“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На нив меѓу недопирливите се додаваат уште Куртоа, Тони Крос и Карим Бензема.

Ситуацијата со Серхио Рамос и Лукас Васкез е различна и клубот ќе ја чека нивната конечна одлука дали ќе го продолжат договорот.

Герет Бејл, Марсело и Иско ќе бидат слободни да си бараат нов клуб и Реал веќе им ја отворил излезната врата.

Можно е Рафаел Варан исто така да биде продаден доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез збесна по поразот, од мака нареди итна продажба на играч: „Само да замине што побрзо“

Реал Мадрид во саботата доживеа жесток удар во борбата за титулата. Тимот од шпанската пре…