Дома Фудбал Реал во големи проблеми: Зидан без одбрана против Севиља!?

Реал во големи проблеми: Зидан без одбрана против Севиља!?

real

Реал Мадрид групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши со победа од 3:2 против тимот на Борусија Дортмунд, но сепак завршија како вторпласирани зад Тотенхем.

Сепак, натпреварот против „милионерите“ донесе и проблеми за тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан бидејќи за натпреварот против Севиља во Примера остана без дефанзивецот Рафаел Варан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веќе претходно поради суспензија од тимот отпаднаа Серхио Рамос, Дани Карвахал и Касемиро, додека повреден беше Хесус Ваљехо, па јасно е дека французинот ќе има проблеми со составувањето на последната линија.

„Се повреди, ќе видиме во каква ситуација е после деталните прегледи, но за натпреварот во сабота сигурно нема да биде спремен“, изјави Зидан кој на таа позиција би можел да го користи фудбалерот од средината Маркос Љоренте.

„Можеби, играше на таа позиција веќе неколку плати во младинскиот тим“.

„Кралевите“ оваа сезона имаат големи проблеми со повредите, па во јануари би требало да го засилат тимот.

„Кој знае ќе видиме што ќе се случи, имаме 30 дена, се е можно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…