Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.




Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 15 години се уште не дебитирал за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти чии скаути ги следат неговите настапи.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, кои сакаат што побрзо да го обезбедат неговиот потпис.




Младиот талент ќе наполни 16 години овој месец, кога се очекува да потпише професионален договор со Палмеирас до летото 2025 година, максимална должина според правилата на ФИФА.
Споменатите клубови се спремни да го купат уште сега и да го остават на позајмица во Бразил додека не наполни 18 години.