Дома Видео Реакцијата на Роналдињо кога му беше соопштено дека го напушта затворот (ВИДЕО)

Реакцијата на Роналдињо кога му беше соопштено дека го напушта затворот (ВИДЕО)

Роналдињо го напушти затворот во Парагвај и сега е префрлен во куќен притвор. Славниот фудбалер и неговиот брат се пуштени од затворот откако била платена кауција од 1.6 милиони долари и сега одбраната ќе ја припремаат од куќен притвор.

Ќе потсетиме Роналдињо беше уапсен на почетокот на март откако во Парагвај влезе со лажен пасош, а во затвор помина 32 дена. До судењето тој ќе биде во куќен притвор во хотел во Асунсион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Парагвајската „АБЦ“ телевизија објави видео на кое се гледа моментот кога судијата Густаво Амарила преку видео повик му ја соопштува одлуката на Рони да биде пуштен во куќен притвор.

Помеѓу останатото тој ги информираше дека не смеат да ја напуштат државата и ги праша него и неговиот брат дали разбираат и дали ја прифаќаат одлуката. Тие потврдија дека разбираат, а на крајот Роналдињо прослави со реакција каква што често гледавме од него на фудбалските терени.

Роналдињо во Парагвај одеше поради промоција на својата книга „Гениј на животот“,  а исто така и да учествува на хуманитарен настан. За времето поминато во затворот тој и играше фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…