Работнички денеска (14 часот) гостува на „Автокоманда“ и ќе ги одмери силите со ФК Скопје. Тоа е многу важен дуел во трката за бегство кон средишниот дел од табелата.
Дефанзивецот Момчило Рашо верува дека тимот на Работнички ќе им се врати на позитивните резултати по минималниот пораз од Шкупи во минатото коло.
Lazar KeskinovАлександар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е многу важен меч. Бодовите им се важни и на двете екипи, па верувам дека ќе биде тоа еден жесток дуел. Подготвени сме за надигрување и веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Момчило Рашо.
Lazar KeskinovГлавен судија на натпреварот кој започнува од 14 часот на стадионот „Автокоманда“ е Игор Стојчевски од Скопје. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврта судијка е Ивана Пројковска. За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветаноски (Демир Хисар), а контролор на судењето ќе биде Никола Караколев (Штип).
Фото: ФК Работнички