Бразилскиот репрезентативец, Рафиња категорично ја одбил можноста да ја напушти Барселона и да се пресели во Арсенал.
Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сега повторно се обиде да го донесе на „Емирати“.
Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Рафиња по втор пат му кажал НЕ на Арсенал, бидејќи сака да остане во Барселона.
Арсенал е во потрага по засилување во нападот, па откако пропадна трансферот на Мудрик, се насочи кон Рафиња.