Супеталентираниот играч за врска се најде на радарот на шпанските гиганти.
Се повеќе се пишува за младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали кој важи за еден од најталентираните италијански фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.
Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.
Наводно, веќе подолго време тој е на радарот на Реал Мадрид и Барселона. Во Реал веруваат дека тој може да го наследи Касемиро додека Каталонците во него гледаат замена за Бускетс. Сопственикот на Бреша постави луда цена за него од 300 милиони евра.
Тонали во татковината го споредуваат со Андреа Пирло, но и со Џенаро Гатузо, а самиот тој за себе неодамна кажа дека комбинација од двата италијански ветерани.
Останува да се види каде ќе заврши Тонали, сепак тешко дека газдата на Бреша ќе го истера своето и ќе добие 300 милиони евра колку и да се обидува.