Дома Останати Кошарка НБА Рапторси водат во финалето на НБА! (ВИДЕО)

Рапторси водат во финалето на НБА! (ВИДЕО)

Торонто Рапторси го совладаа шампионот Голден Стејт со 118:109 и поведоа со 1:0 во финалната серија во НБА лигата.

Одличен натпревар одигра канадскиот тим и дојде историска победа во финалето од најсилната кошаркарска лига.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После изедначениот вовед во натпреварот, Рапторси направија предност од седум поени (18:11), а после првата четвртина домаќините имаа предност од плус четири (25:21).

Скоро во текот на целата втора четвртина, Рапторси имаа водство. Вориорси поведоа само во еден момент, но домаќините многу брзо го вратија водството на својата страна и на полувреме заминаа со предност од десет поени 59:49.

Торонто без проблем ја одржуваше предноста во второто полувреме. Вориорси неколку пати доаѓаа на минус четири, но домашните кошаркари констатно успеваа да ја вратат предноста.

Не успеа актуелниот шампион ниту до крајот да направи пресврт. Рапторси мирно го приведоа натпреварот кон крајот и дојдоа до водство во финалната серија.

Одличен кај Рапторси беше Паскал Сиакам кој уфрли 32 поени и имаше осум скокови и пет асистенции. Леонард уфрли 23 поени, а Марк Гасол 20.

На другата страна Стеф Кари постигна 34 поени, Клеј Томпсон додаде 21, а Драјмонд Грин запиша трипл-дабл со по 10 поени, скокови и асистенции.

Сепак, остатокот од тимот одигра скромно, а Торонто тоа го искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…