Дома Фудбал Италија Раниери: Гвардиола ќе дојде во Италија

Раниери: Гвардиола ќе дојде во Италија

Поранешниот тренер на Сампдорија, Клаудио Раниери верува дека порано или подоцна Пеп Гвардиола ќе дојде во Италија.

Гвардиола во кариерата беше тренер на Барселона и Баерн, а сега го води Манчестер Сити. Како тренер Пеп никогаш не работел во Италија, но Раниери верува дека во иднина тоа ќе се промени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Серија А е атрактивна и примамлива. Се вратија Мурињо, Алегри, можеби и Сари. Големи тренери работат во Италија. Штета што Конте го напушти Интер, но убеден сум дека Гвардиола порано или подоцна ќе води некој италијански тим“, изјави Раниери.

Она што Раниери го загрижува сега се слабите изданија на италијанските тимови на европска сцена во последните години, а детектираше и еден проблем.

„Мораме да направиме една работа што е можно побрзо. Мораме да го зголемиме темптоо на игра. Ако не го направиме тоа тешко дека ќе бидеме конкурентни на тимовите оод останатите силни лиги“, порача италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…