Дома Трансфер зона Рангник го „краде“ германскиот талент пред носот на Баерн

Рангник го „краде“ германскиот талент пред носот на Баерн

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми.

Со доаѓањето на Ралф Рангник на клупата на „црвените ѓаволи“ се променија и приоритетите кога се трансферите во прашање.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Германецот е познат како голем пронаоѓач на таленти и верува дека Адејеми е новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.

19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе дебитираше и за германската репрезентација.

За Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен и Барселона, а Салцбург е спремен да го пушти за сума од 40 милиони евра.

„Билд“ пренесува дека Рангник има одлични односи со Салцбург и сака да ја победи конкуренцијата, па уште во јануари да го донесе талентот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…