Дома Топ вести Рамос опериран, го пропуша клучниот дел од сезоната

Рамос опериран, го пропуша клучниот дел од сезоната

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос успешно ја помина операцијата на менискусот од левото колено, по што му следува рехабилитација до седум недели. 

Капитенот на Реал веќе некое време прима инјекции, како полесно би ја трпел болката во коленото, но стана јасно дека операцијата е единствено решение.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Оваа операција значи дека Рамос ќе отсуствува седум недели и ќе го пропушти клучниот дел од сезоната.

Рамос ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите против Аталанта, како и неколку важни средби од Примера.

Капитенот последниот настап го имаше на 14-ти јануари, а неговата иднина се уште е нејасна бидејќи неговиот договор со Реал истекува на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…