Дома Фудбал Рамос: Не грижете се, сите ќе ве испратиме таму каде што ви е местото!

Рамос: Не грижете се, сите ќе ве испратиме таму каде што ви е местото!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа одигра лош натпревар против Тотенхем и се вклопи во сивилото на мадридскиот тим.

Рамос после натпреварот капитенски застана во одбрана на својот тим и им испрати порака на сите кои сега го критикуваат Реал Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„За оние кои мислат дека Реал Мадрид е мртов ќе ги пратиме таму каде што им е местото. Резултатот не е реална слика. Не сакам да ја оспортам играта на Тотенхем, но ние добро знаеме што може притисокот да направи. Ќе се вратиме многу брзо“, изјави Рамос.

„Поради искуството кое го имаме морам да кажам дека во овој момент најважно е да останеме мирни. Без разлика на сè, се уште сме во игра. Постојат многу добри работи кои ги направивме, но беа поништени со резултатот. Не треба да покажувате со прст кон ниту еден играч, бидејќи сите ќе се обидеме да направиме добри работи“, заклучи капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…