Дома Топ вести Рамос искрен: Уживав во поразот на Барселона!

Рамос искрен: Уживав во поразот на Барселона!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос уште еднаш покажа дека кај него нема лицемерие и лажна куртоазија.

Имено, Рамос пред новинарите не криеше дека уживал во високиот пораз на Барселона во Париз и притоа истакна дека не е изненаден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум изненаден од она што и се случи на Барса. Доколку имате лоша вечер во Лигата на Шампионите, скапо ќе платите. ПСЖ одигра одличен натпревар, притискаше високо на теренот“, заклучи Рамос, кој потоа беше запрашан дали уживал во поразот.

„Нема да кажам не…Секако, не сакам да ги гледам пријателите како страдаат, но во исто време очигледно е дека не сакам Барселона да победи”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Популарниот „Боксинг деј“ каков што не сме навикнати: Само еден натпревар во Премиер лигата – еве зошто е тоа така

Оваа година, 26 декември ќе биде првиот после повеќе децении кога во елитниот ранг на англ…