Бразилскиот интернационалец, Рамиреш моментално настапува во кинескиот Жиангсу Суниниг, но призна дека би сакал да се врати во Челзи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рамиреш беше силно посакуван од Интер во зимскиот преоден рок, но ако треба да избира помеѓу Челзи и Интер, тогаш би ја преферирал понудата на тимот од Лондон.
„Имаше многу гласини за Интер, но немаше ништо конкретно. Сите се свесни дека Интер е голем клуб и за мојата желба да се вратам во Европа. Но, сега размислувам само за Жиангсу и како да му помогнам на тимот. Ништо друго не минува низ мојата глава“, вели Бразилецот.
„Челзи? Отсекогаш сум имал посебен став кон нив и би сакал да ја завршам мојата кариера таму. Знам дека вратите на „Стемфорд Бриџ“ секогаш ќе бидат отворени за мене. Би било прекрасно повторно да го носам дресот на Челзи“,изјави Рамиреш.