Денес и официјално беше потврдено дека Арон Рамзи од наредната сезона ќе игра за Јувентус.
Рамзи потпиша преддоговор со „старата дама“ во траење од четири години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потврдата стигна и од двата клуба, а потоа на друштвените мрежи се огласи и самиот фудбалер.
Рамзи им се заблагодари на навивачите беа покрај него и клубот во текот на 11-те години. Освен тоа вети и дека ќе даде 100% од своите можности за Арсенал до крајот од сезоната да оствари што подобар резултат.
„Како што веројатно веќе слушнавте, потпишав преддоговор со фудбалскиот клуб Јувентус. Сакав да дадам лично соопштение за сите навивачи на Арсенал кои беа екстремно лојални и полни со поддршка“.
„Ме дочекавте како тинејџер и бевте тука за мене низ сите успеси и падови со кои се сретнав со текот на времето. Со тешко срце заминувам после 11 неверојатни години во Северен Лондон. Ви благодарам“.
„Ќе продолжам да давам 100% од своите можности во надеж дека силно ќе ја завршиме сезоната, пред да го отворам моето ново поглавје во Торино“, напиша Рамзи.
— Aaron Ramsey (@aaronramsey) February 11, 2019