Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да си замина од Торино после само една сезона, пренесува „Тутоспорт“.
Велшанецот не е задоволен од статусот кој го има кај тренерот Маурицио Сари и малата минутажа која ја добива, па сериозно размислува да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна пак тренерот на Јувентус нема ништо против да го пушти Рамзи и така да се ослободи од неговата висока плата.
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Тотенхем.
Мурињо е во потрага по квалитетен играч за врска, па Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.