Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да си замина од Торино после само една сезона, пренесува „Тутоспорт“.
Велшанецот не е задоволен од статусот кој го има кај тренерот Маурицио Сари и малата минутажа која ја добива, па сериозно размислува да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна пак тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се надева Рамзи што побрзо да се адаптира на Серија А и да ја врати формата од Премиер лигата.
Рамзи ова лето пристигна од Арсенал како слободен агент, па доколку на лето биде продаден Јувентус ќе направи нова голема зделка, како со продажбата на Емре Чан, кој исто простигна без обештетување.
Juventus are already planning on selling midfielder Aaron Ramsey, just one year after signing him as a free transfer from Arsenal. [Tuttosport] pic.twitter.com/uSYNZSkV5S
— Transfer News (@TransfersLlVE) February 9, 2020