Дома Останати Ракомет Ракометната бајка продолжува: ПСЖ е на колена, Алборг е во финалето на ЛШ!

Ракометната бајка продолжува: ПСЖ е на колена, Алборг е во финалето на ЛШ!

Ракометната бајка од Данска продолжува. Ракометарите на Алборг се први финалисти во ЛШ!

Во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, Алборг го совлада моќниот ПСЖ со 33:35.

Почетокот на натпреварот донесе одличен ракомет. Се играше борбено со убави потези, а на средината од првиот дел ПСЖ прави мини серија и на одмор заминува со 15-13.

Во продолжение Парижаните подобро го отворија натпреварот, стигнаа до +5, но неверојатните ракометари на Алборг се вратија во натпреварот.

Данскиот клуб прави серија од +6 и во 54. минута доаѓа до водство од 27:28.

Во завршницата подобро се снајдоа ракометарите на Алборг за конечни 33:35.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Барселона и Нант на Кире Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ТБВ Лемго со сензационална победа против Фуксе Берлин

ТБВ Лемго приреди големо изненадување со победа над Фуксе Берлин од 37:36, додека Ерланген…