Денес во „Куќата на Фудбалот“ состанок одржаа првите луѓе на ФФМ и Косовската фудбалска федерација.
Тема на состанокот беше организацијата на полуфиналето во Лигата на нации кое е закажано за 26. март.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ФФМ ја претставуваа претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на У.О Борче Лазаревски. Од друга страна гостите од Приштина беа претставувани од претседателот Агим Адеми и генералниот селектор Ерол Салиху.
На состанокот се разговараше за техничките детали околу организацијата, начинот на продажба на билетите и распределба на билетите во соработка со двете министерства за внатрешни работи.