Дома Трансфер зона Ракитиќ покажал класа на првите тренинзи на Де Јонг во Барса

Ракитиќ покажал класа на првите тренинзи на Де Јонг во Барса

Холандскиот играч за врска Френки Де Јонг неодамна пристигна на припремите на својот нов клуб Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Јонг за Барселона потпиша уште на почетокот на годината, но остана во Ајакс до крајот на минатата сезона. Каталонскиот клуб за него издвои 75 милиони евра и се очекува да биде големо засилување.

Со доаѓањето на Де Јонг се засили конкуренцијата во средниот ред, а тогаш започна да се пишува дека местото во стартниот тим ќе го изгуби Иван Ракитиќ и дека хрватскиот играч ќе бара нов клуб.

Ракитиќ овие денови се поврзува со трансфер во ПСЖ, но Ернесто Валверде не сака да го пушти. Дека Хрватот е голем професионалец покажа на првиот тренинг на овие припреми.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Ракитиќ бил најголема поддршка на Де Јонг и му понудил помош за било што. Младиот Холаншанец му порачал дека на него може да смета додека се прилагоди на животот во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…