Дома Фудбал Останато Раиола: ФИФА е непотребна, наскоро ќе ја нема

Раиола: ФИФА е непотребна, наскоро ќе ја нема

Контроверзниот менаџер, Мино Раиола зборувајќи на „Светскиот фудбалски самит“ истакна дека начинот на кој ФИФА го води денешниот фудбал е катастрофален.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Раиола смета дека ФИФА е непотребна организација и нема долгорочна иднина и дека наскоро во фудбалот ќе се постасви нов систем.

„ФИФА заостанува 50 години. За десет години, можете да ги отпишете, веќе нема да постојат. Во голфот нема организација како ФИФА, а голф се игра насекаде. Тенисот се менува. Формула 1 исто така. Има голем проблем со ФИФА – тие ги делат работите, ги делат парите и така сите се среќни“.

„Потребни се промени како во МЛС. Пред 20 години тие постасвија нов систем и кажаа дека не сакаат ништо од ФИФА. Ништо! ФИФА тврдеа дека МЛС се смешна организација. И што се случи? ФБИ уапси пола од ФИФА!“, вели Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу бли…