Иднината на Златан Ибрахимовиќ е главна тема во медиумите на Апенините, кои најавуваат негово враќање во Серија А.
Ибрахимовиќ е слободен агент откако му заврши договорот со ЛА Галакси, а на маса има неколку понуди, па се чека неговата одлука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилно се шпекулира со негово враќање во Серија А, каде интерес за него покажуваат Милан, Наполи и Болоња.
„Не е сигурно дека Ибра ќе се врати во Италија. Ќе видиме што ќе се случи. Ако тој се врати во Серија А, тоа ќе ја зголеми побарувачката, на технички план, но и на телевизија. Многу земји ќе сакаат да го вклучат телевизорот да го видат Златан. Којзнае каде ќе заврши, ние сме слободни и во моментов не исклучуваме ништо“, изјави Мино Раиола.
„Каде би сакал јас да го видам? Само подалеку од мене да престане да ме нервира“, додаде менаџерот на Швеѓанецот.