Италијанецот Мино Раиола се огласи во јавноста откако се појавија информациите дека Халанд барал ненормални услови за да се пресели од Борусија Дортмунд.
Во изминатата недела таткото на Ерлинг, Алф заедно со Раиола беа во неколку европски градови каде што разговараа со заинтересираните гиганти. Медиумите пишуваа дека Раиола и Алф Инге Халанд побарале по 20 милиони евра за да ја завршат работата, плус 30 милиони евра годишна плата за Халанд. За трансферот се пишуваше сума од 150 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раиола ги објави ваквите информации со текст: Лажните вести патуваат брзо и далеку.
Fake news travel quick and far 🚀 pic.twitter.com/Iifm9JjzM5
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 4, 2021