Откако Жозе Мурињо доби отказ на местото тренер во Манчестер Јунајтед, Пол Погба започна да ја подига својата форма и игра навистина одлично.
Сепак, изгледа дека повторно би можел да го навлече гневот на навивачите на Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во последно време беа актуелни приказните дека играчите не сакаат да соработуваат со агентот на Погба, Мино Раиола, поради многу работи како провозијата и тајните преговори со други клубови. Сега пристигнува вест дека Раиола сака да направи се Погба да замине од Манчестер Јунајтед.
Според информациите самиот играч на својот агент му кажал да обезбеди трансфер. Иако сите очекуваа да замине од Јунајтед и да се врати во Јувентус, тој наводно сака трансфер во Реал Мадрид.
Ако им веруваме на медиумите на Островот, Погба смета дека Јунајтед не може да се бори за сите трофеи и да создаде тим со кој ќе му парира на Манчестер Сити во Премиер лигата, но и на европските гиганти во Лигата на шампионите.
Меѓутоа познавајќи го Раиола и неговите игри сето ова можеби се само празни шпекулации со цел Погба да добие подобар договор според кој би бил најплатен играч во Премиер лигата.
На Островот може да се прочита дека Погба бара 20 милиони евра по сезона и доколку тоа не му биде исполнето би можел да го напушти клубот.
Тука во прв план се истакнува Реал Мадрид, затоа што Јувентус тешко би можел да си дозволи уште една астрономска плата.