Познатиот фудбалски агент Мино Раиола изјави дека има идеја каде Ерлинг Халанд би можел да ја продолжи кариерата, но додаде и дека следи што се случува на пазарот.
Младиот норвешки фудбалер и покрај интересот на големите европски клубови се одлучи за Борусија Дортмунд и очигледно не погреши. Со оглед на настапите кои ги прикажува во германскиот тим интересот за него дополнително порасна, па на големо се зборува дека може да ја промени средината идното лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Две години размислуваме што да правиме. Имаме јасна идеја каде Ерлинг би треба да оди. Сепак гледам и што пазарот може да понуди. Би бил лош агент ако не го правам тоа. Со играч како што е Ерлинг ние можеме да влијаеме на пазарот“, изјави Раиола.
Mino Raiola to @Sport1 on Haaland future: “We have been thinking for two years. We’ve clear ideas about where Erling should go and of course we look at what the market has to offer. I would be a bad agent if I didn't. We can influence the market with a player like Erling” 🇳🇴 #BVB pic.twitter.com/myJKaLibwr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 9, 2021