Дома Топ вести Раиола измислил понуда за да го продаде Погба во Реал Мадрид!?

Раиола измислил понуда за да го продаде Погба во Реал Мадрид!?

Мино Раиола е еден од најпознатите менаџери во светот на фудбалот и застапува голем број фудбалски ѕвезди.

Раиола се прослави кога го убеди Златан Ибрахимовиќ да биде негов менаџер, а потоа започна неговиот поход во светскиот фудбал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од играчите кои ги застапува е Пол Погба поради кој Раиола го прекина својот летен одмор. Имено, Раиола сака да му пронајде нов клуб на својот играч, односно да ја убеди управата на Јунајтед да го продаде во Реал Мадрид.

Шпански „АС“ утрово објави и со какви игри се служел контроверзниот менаџер. Со Погба покрај Реал се поврзуваше и Јувентус.

Тој интерес на Јувентус Раиола го искористил да измисли понуда од страна на „страта дама“ со цел да изврши притисок и Јунајтед да ја прифати понудата од Реал. Измислената понуда на Раиола била нешто пониска од онаа која навистина ја понудиле „кралевите“.

Раиола сака Погба да заврши во Реал затоа што така тој би добил поголема провизија, додека Јувентус засега е резервна опција, меѓутоа изгледа и дека во Торино се намали интересот за враќање на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сопругата на Гундоган прави проблеми во соблекувалната на Барселона?

Според пишувањето на шпанска Марка, во соблекувалната на Барселона се одвива драма, а една…